Собраниската седница за законот за јавното обвинителство закажана за 21 часот

228

Во Собранието на Република Северна Македонија вечерва во 21 часот ќе се одржи 135. собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА од каВо Собранието на Република Северна Македонија вечерва во 21 часот ќе се одржи 135. собраниска седница на која пратениците ќе расправаат за предлог-законот за Јавно обвинителство и Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, потврдија за МИА од кабинетот на собранискиот спикер, Талат Џафери.

Пратениците во текот на денот беа повикани да дојдат во законодавниот дом, бидејќи според првичните информации седницата требаше да почне во 15 часот.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Според првичните информации денеска би се отворила расправата за законите, а за нив би се гласало следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.бинетот на собранискиот спикер, Талат Џафери.

Пратениците во текот на денот беа повикани да дојдат во законодавниот дом, бидејќи според првичните информации седницата требаше да почне во 15 часот.

Двата закона вчера поминаа во Комисијата за европски прашања и во матичната Законодавно-правна комисија.

Според првичните информации денеска би се отворила расправата за законите, а за нив би се гласало следните денови. Собранието треба да се распушти најдоцна до недела, со цел да се запазат роковите за одржување на предвремените парламентарни избори, на 12 април.

Двотретинско мнозинство е потребно за законот за ЈО, кој не е официјален услов за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, но сепак од високите европски претставници се споменува како позитивен сигнал кој би можел да го придвижи процесот.