Снежни бури во САД, затворени училишта, откажани летови

48

Поради снежните бури, кои ги погодија централните и источните делови на САД, училиштата се затворени и сообраќајот е отежнат. На јужниот дел на земјата се очекуваат силни врнежи од дожд.

Во Њујорк падна снег, а училиштата во повеќе делови на САД се затворени.

Канцелариите на градската управа во Филаделфија се затворени, а во средата, во 13 часот по локално време, воведени се дополнителни мерки за заштита на бездомници.

Американската сојузна држава Њу Џерси прогласи вонредна состојба, бидејќи се очекува да наврнат околу 10 сантиметри снег, а потоа и дожд.

Преку 2.200 летови низ целата земја се откажани, а околу 4.700 се одложени.