Лидерот во англиската Премиер лига, тимот на Арсенал, и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на српскиот интернационалец од редовите на римскиот калчолигаш Лацио, Сергеј Миленковиќ-Савиќ. Популарните „топчии“ планираат веднаш на почетокот од летниот преоден рок да испратат официјална понуда за офанзивниот играч за врска која нема да биде помала од 50 мил. евра.