Смолинг да остане на „Олимпико“

74

Раководните лица на италијанскиот калчолигаш Рома не кријат дека сакаат на крајот од сезоната да го откупат договорот на англискиот интернационалец Крис Смолинг.

Централниот дефанзивец моментално настапува како позајмен играч од редовите на Манчестер Јунајтед, но челниците на „црвените ѓаволи“ испратија јасна порака дека Смолинг мора да се врати на „Олд Трафорд“ на крајот од актуелната сезона. И покрај таквиот став на Јунајтед, Рома подготвува понуда која нема да биде помала од 15 мил. евра.