Смешно е да му ја дадете Златната топка на Меси!

159

Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус, е еден од најгласните кои јавно го критикуваат годинашниот избор на „Златната топка“. Матеус е убеден дека трофејот мораше да заврши кај Ерлинг Халанд, а не кај Лионел Меси.

  • Смешно е да му ја дадете Златната топка на Лесо Меси кога Халанд цела годинa беше подобар од него. Јас цел живот сум голем фан на Лео, но ова е фарса, тој не ја заслужува оваа награда, само се докажа дека Светското првенство кое трае триесетина дена се вреднува повеќе од работата низ целата година. За мене, никој не беше подобар од Халанд, кој освои се што можеше да се освои со Манчестер Сити, притоа уривајќи неколку рекорди за бројот на постигнати голови, изјави Матеус.