Случај без преседан во Бразил: Шест пациенти биле инфицирани со ХИВ по трансплантација

42

Шест пациенти во Бразил биле позитивни на ХИВ откако биле трансплантирани со заразени органи, соопштија официјални лица. Канцеларијата на Министерството за здравство во Рио соопшти дека лабораторијата одговорна за спроведување на тестови на донирани органи била суспендирана откако органи од двајца донатори биле трансплантирани на шест лица од списокот за трансплантација на државата.

И други пациенти биле подложени на тестирање за да се утврди дали органите што ги примиле се заразени. Тестирани се и сите органи кои се чуваат во лабораторијата од декември 2023 година, кога била ангажирана таа институција, информираат од Министерството за здравство.

„Ова е случај без преседан“, се вели во соопштението.

Полицијата отвори истрага за откривање на одговорните.

Здравствените власти биле контактирани кога пациент со трансплантација на срце се пожалил на здравствени проблеми и бил позитивен на ХИВ. Заразени биле и двајца други пациенти кои добиле по еден бубрег.

Лекарите се загрижени дека таков сериозен неуспех може да ја поткопа довербата на јавноста во службата за донирање органи и да го намали бројот на донатори. Службата за трансплантација на Рио де Жанеиро е основана во 2006 година и им п