Случајот е под истрага: Маж настрада, а жена е тешко повредена при експлозија во стан во Атина

184
Еден маж настрада, а жена е тешко повредена во експлозија во стан во Атина, а истрагата за случајот ја презеде антитерористичката единица на полицијата.
Еден од официјалните лица изјави дека антитерористичката единица на полицијата е ангажирана поради сомнеж дека експлозијата е предизвикана од некаква експлозивна направа.
Експлозијата предизвика огромна материјална штета во станбена зграа во округот Ампелокипи, пренесува Ројтерс.
Пожарникарите ја евакуирале повредената жена и ја превезле во болница.
Според грчкиот портал Прототема, тешко повредената млада женае позната од претходно.
Во текот на увидот е пронајден пиштол со девет куршуми кој е отстапен на форензичките лаборатори за утврдување дали е користен во кривичното дело.