Италијанскиот калчо гигант Интер за малку ќе ги осигурал и услугите на алжирскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Лестер, Ислам Слимани.
Искусниот напаѓач моментално настапува како позајмен играч во дресот на францускиот прволигаш Монако, но како што информираат италијанските медиуми Слимани и Интер постигнале договор во финишот од зимскиот преоден рок, но трансферот не бил реализиран затоа што „нероазурите“ немале доволно време за да ги обезбедат сите потребни документи.