Во Домот на култура „Илинден“ беа изложени 30 дела изработени во техника акрил на платно и масло на платно направени за време на 16-та меѓународна ликовна колонија „Карпино 2018“ – Куманово, што се реализираше во периодот август-септември, минатата година. Изложбата е во организација на Општина Илинден и Националната установа – Центар за култура „Трајко Прокопиев” од Куманово.
Според организаторите, уметничките дела од Карпино кое е, како што велат, едно од најзначајните духовни светилишта во нашата земја, се изработени со посебни чувствата на уметниците.
Со свои дела на изложбата се претставени 14 автори од повеќе земји и тоа од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија и од Украина.
Изложбата, за сите љубители на уметноста ќе биде отворена до 1 февруари годинава.