Слика на Рембрант, пронајдена на таван, е продадена за 1,4 милиони долари

87
Фото:википедија

Сликата на холандскиот уметник Рембрант Харменсон ван Рајн, откриена на таванот на една куќа, е продадена за 1,4 милиони долари на аукција, пренесе АП.

Сликата од 17 век, „Портрет на девојка“ ја откри проценителот на уметност Кеј Веилиекс на таванот на една куќа во Камден, Мејн, САД.

Етикетата на задната страна од рамката покажува дека сликата била позајмена во Музејот на уметност во Филаделфија за изложба во 1970 година.

„Често одиме во посета на куќа на слепо, не знаејќи што ќе најдеме. Куќата беше исполнета со прекрасни работи, но на таванот, меѓу купиштата уметност, беше пронајден овој извонреден портрет“, рече Веилиекс од аукциската куќа „Томастон Плејс“.

Сликата била во приватна сопственост на семејството од 1920-тите, а останала во истата сопственост откако била изложена во Филаделфија.

Како таа заврши на таванот е исто така мистерија, додава АП.

„Портрет на девојка“ е насликан на дабова табла и сместен во рачно врежана холандска златна рамка, додаде Веилијекс, пренесува Танјуг.