Следува период на натпросечно топло време- подгответе се за температури и до над 40 степени

    243

    Температурите ќе достигнат и до 40 степени. Во следниот период времето ќе биде натпросечно топло и претежно сончево, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

    Претходно, во следните денови ќе има период со мала умерена облачност, а во попладневните часови, особено во понеделникот, можен е и пороен дожд и грмежи.

    Но, потоа се очекува дневните температури насекаде да бидат над 30 степени. Во средината на неделата, пак, наместа во југоисточните делови температурата ќе достигне и до 40 степени.

    И кога е во прашање Скопје, прогнозите се слични како и за целата држава – нестабилно време во понеделникот, а најтопло кон средината на следната недела.