Слаб март за доларот

50

Доларот продолжи со благиот пад во март, па вредноста на индексот на доларот падна и оваа недела.

Инвеститорите беа вознемирени од колапсот на неколку банки, па засолниште побараа во инвестиции кои се сметаат за побезбедни во неизвесни времиња.

Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, минатата недела се лизна за 0,8 отсто, на 103,86 поени. Доларот ослабе за 0,2 отсто во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,0670 долари.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута потона, пак, за 2,3 отсто, на 131,90 јени.

Доларот се најде под притисок поради колапсот на две американски банки – банката на Силиконската долина (SVB) и Signature – што предизвика страв од нова банкарска криза слична на онаа во 2008 година.