Рекетот кој американската тенисерка Серена Вилијсмс го искрши за време на грен слем турнирот САД Опен, поточно во мечот против Наими Осака е продаден за 21.000 долари.

Вилијамс рекетот по завршување на мечот му го подари на еден од собирачите на топчиња – Џастин Арингтон – Холмс. Се верува дека овој студент подоцна го продал на некој трговец за 500 долари. Американските медиуми тврдат дека трговецот на аукцијата на која златниот медал на Џеси Овенс од Олимписките игри во 1936 година е продадена за 615.000 долари, успеал да го продаде рекетот за точно 20.910 долари.

Финалето од 2018 година ќе остане запаметено по кавгата на Серена со главниот судија Карлос Рамос, откако една од најдобрите тенисерки во светот доби опомена заради забранетиот „коучинг“.

Серена не сфатила дека е опомената и затоа по губење на првиот сет го искрши рекетот. Рамос тогаш и и зрече уште една казна, а тоа ја чинеше гбење на поенот Американаката.

Кога се вратила на теренот и беше кажано дека го загубила поенот по што следеше жестока расправа, а тоа резултираше со одземање на гемот. Осака ја победи Серена во финалтоа на САД Опен со 6:2, 6:4.