Директорот на Топланата Скопје –Север, Куштрим Рамадани за весникот ВЕЧЕР вели имаат договор за набавка на гас до крајот на годинава, но го плаќаат авансно и е многу скап. Очекува помош од Владата дали тоа ќе биде финансиски или во гориво од државните резерви, ќе се знае деновиве. За вчера попладне со почеток во 16 часот беше најавено одржување состанок на кризниот штаб во Владата за снабдувањето со топлинска енергија.
Вчера побаравме одговор и од Топланата на ЕСМ Енергетика, која е во сопственост на ЕСМ и управува со железарското парно, дали набавиле гас за работа, но директорот Далибор Богдановски до затворање на весникот не се јави на телефонскиот повик. Компанијата ЕСМ која го презеде управувањето со „Балкан Енерџи Груп“, се уште нема набавено гас за работењето на топланите Исток и Запад кои се во сопственост на Адора Инженеринг, а коишто покриваат најголем дел од потребите за парно во главниот град на државава, односно околу 60 илјади домаќинства. Од ССМ повикаа државата и сопственикот на топланите Исток и Запад, Адора Инженеринг, да се договорат со цел навремено да се обезбеди топлинска енергија за градот Скопје
Радијаторите на 400 домаќинства и на околу стотина деловни корисници од Бутел и Чаир, кои се приклучени на Топланата Скопје – Север, од сабајлево имаат топли радијатори. За нив грејната сезона почна порано од 15 октомври кој е законски утврдениот датум за старт на греењето во Скопје, ако се исполни климатскиот услов, а тој е средната температура за денот, според прогнозите на УХМР, да биде под 12 Целзиусови степени.
Директорот на Топланата Скопје – Север, Куштрим Рамадани за весникот ВЕЧЕР вели дека гас за работа на топланата имаат обезбедено од „Макпетрол“, компанија која го набавува овој енергенс од „Гаспром“, а и го испочитувал условот за старт на греењето кој што самиот го иницирал да се промени кога работел како заменик претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
– Порано требаше три дена по ред надворешните температури да паднат под 12 Целзиусови степени, за да се пушти топлина во мрежата. Се случуваше два дена по ред да биде под 12 степени, а третиот температурата да биде повисока, и не се пушташе греењето. Регулаторот ја прифати мојата иницијатива и сега во домовите и деловните простории се пушта парно ако прогнозираната температура е под 12 степени. Така беше денеска, ќе биде и утре и во четврток, според прогнозите на УХМР што ги добивме во понеделникот, што значи дека корисниците ќе имаат греење овие денови. За петок и викендот се прогнозираат повисоки температури и тогаш нема да работи нашата топлана – вели Рамадани за ВЕЧЕР.
Тој потенцира дека системот работи без проблем и во од се прават потребните проверки. Рамадани нагласува дека Топланата Скопје –Север има склучено договор за набавка на гас до крајот на годинава, но истиот се обезбедува авансно и е многу скап. Вели дека топланата може да работи и на мазут, но и на дизел.
– Тешко се снаоѓаме со пари за набавка на гасот, бидејќи и домаќинствата, но и деловните објекти во кои спаѓаат училиштата од Бутел и Чаир, гимназијата и здравствениот дом, редовно не ги подмируваат обврските. Правиме напори да ги собереме долговите што ги имаат кон нас. Очекуваме и помош од Владата, дали тоа ќе биде финансиски или во гориво од државните резерви, ќе се знае деновиве – изјави Рамадани.
За попладнево со почеток во 16 часот беше најавено одржување состанок на кризниот штаб во Владата за снабдувањето со топлинска енергија.
Денеска побаравме одговор и од Топланата на ЕСМ Енергетика, која е во сопственост на АД ЕСМ и управува со железарското парно, дали набавиле гас за работа, но директорот Далибор Богдановски до затворање на весникот не се јави на телефонскиот повик.
Компанијата АД ЕСМ која го презеде управувањето со „Балкан Енерџи Груп“, се уште нема набавено гас за работењето на топланите Исток и Запад кои се во сопственост на Адора Инженеринг, а коишто покриваат најголем дел од потребите за парно во главниот град на државава, односно околу 60 илјади домаќинства.
Од компанијата „Макпетрол“ гас не е набавен, а Владата сеуште нема дадено информација дали се постигна договор со Србија, според кој нашата земја со Србија требаше да врши размена на гас за електрична енергија, односно ТЕ-ТО да добива гас од Србија, а во замена за тоа ние да и испорачуваме струја на таа држава.
Денеска од Сојузот на стопански комори (ССК) ги повикаа институциите на државата да се договорат со сопственикот на топланите Исток и Запад, компанијата „Адора Инженеринг“, со цел навремено да се обезбеди топлинска енергија за градот Скопје.
Ги повикуваат Регулаторната комисија за енергетика, АД ЕСМ и Владата во оваа кризна состојба да се најде „праведно и фер решение за користење на топланите преку договор за закуп, кој нема да биде на штета на компанијата или со откуп на топланите од АД ЕСМ“.
Иако Адора Инженеринг се стекна со сопственост врз топланите Исток и Запад во градот Скопје во септември 2021 година, се уште нема владение врз имотот за кој што плати 9,26 милиони евра со сите давачки. Од ССК велат дека топланите се купени во транспарентна постапка на јавно наддавање.
– И покрај тоа, поради административни, институционални и други системски недоследности, како инвеститор, Адора Инженеринг не може и до ден денес, веќе 13 месеци од продажбата да го оствари правото на сопственост врз објектите на топланите и покрај тоа што ги употребија сите правни механизми за тоа. Адора Инженеринг е принудена да финансира и дел од работењето на топланите со свои основни средства, а во исто време за тоа не може да добие ниту владение, ниту надомест. Адора Инженеринг трпи огромни финансиски и штета врз угледот на компанијата поради неможноста да го запише имотот што го купила под хипотека во корист на банката од која е обезбеден кредитот – велат од ССК.
Пендаровски: Ако нема парно за скопјани, ќе ја исклучиме и вила „Водно“
Владата е децидна дека грејната сезона ќе почне на 15 октомври и дека скопјани нема да останат без парно греење. Тоа нека биде тест дали Владата со сите најавени мерки ќе успее да ја ублажи кризата, и ќе видиме дали ќе го помине тој тест. Ова во телевизиско гостување го изјави претседателот Стево Пендаровски.
– Јас колку што знам, околу 60 илјади скопјани се греат на парно греење и ако тука крахираат, јасно ќе биде дека во еден дел не го испорачуваат она што го ветиле пред граѓаните – рече Пендаровски.
На прашање дали претседателската вила „Водно“ ќе се грее на парно од 15 октомври, Пендаровски рече дека ако има греење за сите останати граѓани во Скопје, тогаш и вила „Водно“ ќе се грее на ист начин.
– Ако нема за останатите во Скопје, ние ќе го исклучиме греењето. Нема да имаме никаква привилегија во таа смисла, ви гарантирам – рече Пендаровски.
Милошоски: Да не знае човек дали да плаче или да се смее!
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски објави коментар на оваа изјава на Пендаровски.
– Да не знае човек дали да плаче или да се смее кога претседателот на државата дава една ваква недоветна „гаранција“, наместо да понуди решенија за енергетската и економска неизвесност во која се втурнати сите граѓани – коментира Антонио Милошоски.
(С.Бл.)