Повеќе часа без струја се делови од Ѓорче Петров, Водно и Црниче како и неколку скопски села. Од ЕВН велат дека е настанат дефект на подземен кабел и дека екипите работат на негово отстранување.
Поради проблем со подземен 10 – киловолтен кабел кој доаѓа од трафостаница Ѓорче Петров, прекинати се две десет – киловотни линии, а повеќе трафостаници се без напон, потврдија вечерва од ЕВН. Без струја се делови од Ѓорче Петров, селата Волково, Кисела Јабука и Орман, како и делови од Водно и Црниче.
Од ЕВН велат се работи на воспоставување на напојување од други места а се очекува за околу еден час сите населени места да добијат струја. Во моментов приоритет е санирање на дефектот, а потоа ќе се утвдруваат причините од што е настанат проблемот.