Скопје вечерва втор град по загаденост во светот: ДИШЕТЕ ЛИ СКОПЈАНИ?!

75

Според податоците на Airvisual, специјализираната интернет-страница за следење на квалитетот на воздухот, Скопје вечерва е на второто место во светот според загаденоста. „Приматот“ на прво место во светот ни го „одзема“ индиска Калкута, но „сигурно“ и се приближуваме.

Податоците пак на апликацијата „Мој воздух“, покажуваат дека нивото на ПМ10-честички во возухот на сите мерни места во Скопје е повеќекратно над дозволената граница.

Загадувањето е големо во Карпош, Центар, Железара, Аеродром, 11 Октомври, Ѓорче Петров…, а за Лисиче и Гази Баба нема податоци.