Скопјани пијат квалитетна и безбедна вода

32

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на мострите вода земени од повеќе локации во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 12.09.2022 до 16.09.2022 зема 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје.