Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење. Тоа го потврдуваат анализите и испитувањата на примероците вода земени од повеќе локации во градот, спроведени во Секторот за санитарна контрола при јавното претпријатие „Водовод и канализација“, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.09.2021 до 24.09.2021 зема 206 примероци за физичко-хемиска иисто толку примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 50 мерни места во градот Скопје.