Полицијата извести дека вчера во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил пронајден починат Ј.М.(51) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.