Скопјанец преку туѓи платежни картички купувал преку интернет, направил штета од над 135.000 денари

38

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Г.Д.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ казниво по член 251 од Кривичниот законик.

-Пријавениот обезбедил податоци од платежни картички на две лица и во периодот од 31.05.2022 до 17.06.2022 ги употребил за плаќање на повеќе интернет продажни места. Притоа, едното лице го оштетил за сума од 120.310 денари, а другото лице го оштетил за сума од 14.901 денари, со што за себе остварил противправна имотна корист во вкупен износ од 135.211. денари, соопштуваат од МВР.