СКОПСКО одбележува 95 години на македонскиот пазар на пиво

95

Пивара Скопје лансираше нова комуникациска платформа со која започнува одбележувањето на 95- годишнината на носечкиот бренд во своето пивско портфолио. Со неа, СКОПСКО потсетува на својата автентична вредност која ја поседува уште од 1924 година – да биде еден вид специјална нитка која ги поврзува луѓето.

„СКОПСКО поседува особина да им помага на луѓето полесно да ги надминат разликите, да го пронајдат она што ги спојува и да креираат заеднички моменти на среќа и радост. Сметавме дека 95-годишнината е одлична можност одново да го истакнеме ваквиот уникатен карактер на СКОПСКО и неговата моќ да го поттикне заеднитвото и да ги потсети луѓето на најдоброто што го нуди животот“, објаснува Надица Николоска, бренд-менаџерка во Пивара Скопје.

Носечки елемент на новата комуникациска платформа е видео спотот кој на емотивен начин ја пренесува пораката за СКОПСКО како социјално врзивно ткиво кое продолжува да повикува на заедништво. Видео спотот го илустрира СКОПСКО како извор на инспирација на многу генерации, поттикнувач на оптимизмот и креатор на заеднички доживувања што го слават животот. Спотот се снимаше на локации во Скопје и Битола и е во домашна продукција.

СКОПСКО е без сомнение еден од најсилните македонски брендови. Преку континуираните вложувања и новините што ги воведе на пазарот во изминатите 95 години.

линк до новиот видео спот: https://youtu.be/J4H4XE1nn6Q