Скопското обвинителство издаде наредба до МВР да распише национална, а потоа и меѓународна потерница по Груби и Бајрами

599

Според процедурите на Обвинителството, прво се распишува национална потерница, а потоа се дава изјава за распишување на меѓународна потерница. Со таа изјава, се потврдува дека доколку осомничените бидат приведени во странство, ќе се бара нивна екстрадиција во земјава.

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) вечерва до Министерството за внатрешни работи (МВР) издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница за двајцата осомничени во истрагата за проневера на Државна лотарија.

Оттаму информираат дека оваа наредба е издадена до МВР по донесените решенија на Кривичниот суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за случајот со Државна лотарија, а кои се недостапни на органите на прогонот.

Според процедурите на Обвинителството, прво се распишува национална потерница, а потоа се дава изјава за распишување на меѓународна потерница. Со таа изјава, се потврдува дека доколку осомничените бидат приведени во странство, ќе се бара нивна екстрадиција во земјава.

Oдреден 30-дневен притвор за Груби и Бајрами