Скијач „уловен“ додека се допингува

89

Австриската полиција објави видео на кое може да се забележи како нордискиот скијач и репрезентативец на таа земја, Макс Хауке, извршува трансфузија на крвта, што во светот на спортот се смета за допинг.

Хауке и уште четворица скијачи беа уапсени од страна на полицијата поради допинг скандалот кој го стресе овој спорт, а разочарувањето да биде уште поголемо, овој нордиски скијач исто така е и полицаец.

-Ова е одвратно, Тешко е да се гледа ова. За ваквите работи нема место во спортот. Не знаев дека ова го прави, изјави неговиот тренинг партнер, Ендрију Јанг, па додаде:

-Тешко е да се опише чувството откако пријателот ќе биде фатен во измама. Не го мрзам, но не сакам повеќе да го видам во нашиот спорт.

Хауке и остатокот од екипата кои беа фатени од страна на полицијата се допингувале непосредно пред трката. Сега им следува судење и сигурно ќе добијат одредена казна. Исто така ќе бидат суспендирани на повеќе години и забрана за настап на крос – кантри натпреварувањата.