Скинете гранче од живата ограда: Тинктура од цветови на глог – древен рецепт кој е спас за срцето, белите дробови и за – нервозата

101

Овие години повторно се вртиме кон глогот кој до неодамна беше целосно заборавен и служеше само како жива ограда во дворовите на некои куќи. Вистинска штета е ако се земе предвид дека неговите плодови и лисја се полни со лековити својства.

Така, цветовите на глог содржат триметиламин и гликозидот оксиакантин, додека самиот плод содржи есенцијално масло, танин, сапонин, гликозиди и фруктоза, но и соли на калиум, натриум, калциум и фосфорна киселина.

Глогот првенствено е наменет за луѓе кои имаат проблеми со срцето, но и за жени во предменопауза и менопауза. Освен тоа, велат, ги смирува нервите.

За домашно лекување можете сами да си направите тинктура од глог, која го регулира притисокот, ја забрзува циркулацијата, ги зајакнува крвните садови и срцето. Покрај тоа, го намалува ризикот од срцеви заболувања и ги ублажува симптомите на бронхитис, пневмонија и други белодробни заболувања.

Состојки:

60 грама мешавина од свежи листови и цветови од глог

3 децилитри 96 отсто медицински алкохол

Херметички затворена стаклена тегла

Подготовка

Цветовите и листовите ситно исечкајте ги и ставете ги во тегла. Прелијте со три децилитри алкохол, измешајте, затворете и оставете да отстои на собна температура три недели. Потоа процедете ја содржината и истурете ја во темно стаклен сад кој исто така е херметички затворен и чувајте ја на темно и ладно место. Оваа сума треба да ви трае три месеци.

Употреба

Измешајте 15 капки тинктура во 50 до 100 ml вода и пијте половина час пред оброците. Пијте три до четири пати на ден, и користете го редовно три месеци, по што треба да направите пауза.