Ракометарките на Македонија со убедлив пораз од Шведска со 28:18 (15:7) го отворија Европското првенство во Унгарија. Средбата во „Фоникс Арената“ во Дебрецен беше израмнета само на стартот, а потоа скандинавскиот гигант се наметна и рутински си ја заврши својата задача за висока победа.

Најефикасна на средбата беше Хангман со девет гола, а кај Македонија се истакнаа Кипријановска, Јанкуловска, Младеновска и Ристовска со по три реализации. Голманката Јована Мицевска собра десет интервенции