Скандал на Филипините: Влијателен проповедник е уапсен поради трговија со луѓе и сексуална злоупотреба

67

Влијателниот проповедник Аполо Киболој е уапсен и обвинет за трговија со луѓе и сексуална злоупотреба, вклучително и деца, соопштија денеска филипинските власти.

Филипинскиот секретар за внатрешни работи Бенџамин Абалос Џуниор објави на Фејсбук дека Киболој се изјаснил за невин, без да прецизира каде и кога е извршено апсењето.

Повеќе од 2.000 полицајци беа распоредени од минатиот месец за да пребаруваат комплекс во јужниот град Давао во сопственост на црквата Киболо, Кралството Исус Христос (KOJC), откако тој беше осомничен дека се криел во тамошниот бункер, објави Ројтерс.

Портпаролката на филипинската полиција денеска им изјави на новинарите дека Киболој е фатен во населбата, без да даде детали. Киболој и четворица други сообвинети беа пренесени со воен авион во главниот град Манила, рече портпаролката.

Киболои е, исто така, на листата на „најбарани“ на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) по одделни обвиненија за трговија со луѓе и масовен шверц со готовина, што тој негираше дека ги извршил.

Тој има милиони поддржувачи на Филипините, каде црковните водачи имаат големо влијание во политиката, а долгогодишен пријател е со поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте, пренесува Танјуг.