EPA-EFE/Chema Moya

Необичен инцидент е забележан на стартот од квалификациите за САД Опен меѓу Хамад Меѓедовиќ и Борна Гоја. Српскиот и хрватскиот тенисер не беа вмешани на никаков начин, но затоа беше тренерот на Меѓедовиќ, Виктор Троицки.

Се започнало кога двајца навивачи го провоцирале Меѓедовиќ, а во негова одбрана се свртел поранешниот 12. играч на АТП-листата, кој сакал да го спречи сето тоа.

Од тој момент целата ситуација ескалирала и постоела можност да дојде и до физичка пресметка. Поточно, еден од двајцата проблематични момци го „почестил“ Троицки со бројни навреди, меѓу кои и „Еб*ни кловн“ и „Ова е Њујорк, а не еб*ната Србија“.

По неколку минутна вербална расправија, двајцата момци биле исфрлени од трибините.