Скандал зад сцената на Евровизија“: Дали победникот зад сцената користеше кокаин?/ВИДЕО

556

По синоќешното финале на „Песна на Евровизија“ во Ротердам, на која годинава победи италијанскиот бенд Манескин, денеска се одржа прес конференција со членовите на групата, на која еден новинар постави скандалозно прашање.

Имено, шведски новинар го праша Дамијано Дејви дали користел кокаин зад сцената на „Евровизија“, пренесува „Њујорк тајмс“.

Тој рече дека не користи наркотични средства.

Денеска се споделува снимено во директниот пренос зад сцената.

Одговорот на Дамијан беше дека тој не користел дрога.

Победничкиот бенд на нивниот официјален профил на Инстаграм напишаа дека немаат што да кријат и дека се подготвени да бидат тестирани доколку е потребно.

„Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијано користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да бидеме тестирани затоа што немаме што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и среќни сме што победивме. Сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа. Рокенролот е мртов. Ве сакаме”, се вели во објавата.