Скандалозниот пејач Дарко Лазиќ вели дека на лихварите им должи повеќе од 500 илјади евра. Тие пари тој нема да им ги врати. Барем, не сега за сега. – Немам ниту пари да купам нов стан, за мене и мојата нова девојка Барбара. Иако пеам толку пари не успевам да заработам. Короната е виновна, немам редовни тезги, многу губам. Јас и Барбара го бендисавме станот од 200 илјади евра, ама од каде толку пари? Немам навистина, заглавен сум, и тоа е тоа, искрен е Дарко.
Лазиќ, поради беспарицата живее под кирија во изнајмен убав стан во Нови Сад, за кој месечно плаќа висок износ од 500 евра. Пејачот, е таков каков е, никако да се смири. После пропаднати бракови и неколку деца, пак ги повторува истите грешки. Сепак од децата не се откажува, ги признава за свои. (Д.М.)