Скандалозниот случај со жената којашто десет години се наоѓа во вегетативна кома, а која беше породена пред еден месец конечно разрешен: била силувана од медицински техничар од болницата

140


Нејтан Сатерленд (36), медицинскиот техничар кој работел во болницата Хасиенда Хелткеар во која жена лежи во кома веќе со години е обвинет дека ја силувал, откако таа, пред еден месец, роди дете.
Медицинскиот технилар кој требал да се грижи за жената која повеќе од десет години е во вегетативна состојба во кома, а која пред еден месец роди дете, беше уапсен во средата во Феникс.
Овој случај го шокираше целиот свет. Жената речиси се удавила пред 14 години, по што паднала во кома. Вработените во болницата не знаеле дека таа е бремена се до пораѓањето. Родителите на жената порачале дека „се вчудоневидени од запоставувањето на нивната ќерка“. Преку адвокатот порачале и дека новороденото пристигнало во семејство полно со љубов и дека добро че се грижат за него.