СКАНДАЛОЗЕН ПОТЕГ НА БУГАРИЈА: Сиљановска Давкова пречекана БЕЗ македонското знаме

1031

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во софија ја прими претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова и надвор од сите меѓународни протоколи, немаше истакнато македонско знаме.

Бугарија очекува искажаната желба за дијалог и разбирање од страна на претседателката Гордана Сиљановска да стане конзистентна политика на Владата. Ова, како што соопшти кабинетот на бугарскиот претседател Румен Радев, е ставот што тој и го пренел на претседателката Сиљановска Давкона на денешната средба во Софија.

– На средбата, претседателот Радев истакна дека дијалогот на највисоко ниво меѓу двете земји треба да биде активен и да ја стимулира работата на владите, бизнисите, како и билатералната размена во областа на образованието, науката и културата, соопштуваат од кабинетот на бугарскиот претседател, од каде нема ниту еден збор зошто на средбата не било истакнато македонското знаме. Ова, како што е познато, беше прва средба на претседателите од двете земји.