Сиљјановска-Давкова: Особено сум горда што најдобрите питомци се жени!

Сиљјановска-Давкова: Особено сум горда што најдобрите питомци се жени!

27

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, вчера свечено беа промовирани офицери и подофицери во Армијата на Северна Македонија. Беа промовирани 24. класа питомци во чин потпоручник, слушателите на курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин и слушателите на основниот курс за подофицери во чин водник.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во своето обраќање како врховен командант на Армијата, истакна дека тие стануваат офицери во период на глобална неизвесност, на геополитички тензии, на воени конфликти и дека, како офицери на НАТО-армијата, од нив се очекува да ги исполнуваат највисоките професионални стандарди и врвни критериуми. Таа рече дека е уверена дека тие активно ќе учествуваат во справувањето со традиционалните и со новите закани во физичкиот и во сајбер просторот и им препорача да преферираат авторитет место моќ.

-Особено сум горда што најдобрите питомци се жени. Како врховна командантка на оружените сили, навистина ми е особена чест да учествувам на оваа промоција во офицерски чин на питомците и студентите на Воената академија. Но, ве молам, никогаш не заборавајте од каде доаѓате. Никогаш не заборавајте ја вашата заклетва, дека сте тука, пред сè и над сè, за македонските граѓани и за одбраната на македонската република – изјави Сиљјановска-Давкова. Им порача совесно и одговорно да ги извршуваат обврските и должностите како бранители на слободата на татковината и дека очекува активно да учествуваат во справувањето со традиционалните, како и новите хибридни закани во физичкиот и сајбер просторот.

– Вие станавте офицери во период на глобална неизвесност, на геополитички тензии, на воени конфликти. Како офицери на НАТО армијата, од вас се очекува да ги исполнувате највисоките професионални стандарди и врвни критериуми. Сигурна сум дека активно ќе учествувате во справувањето со традиционалните, меѓутоа и новите асиметрични и хибридни закани во физичкиот и сајбер просторот. Вие ќе треба да придонесувате за колективната безбедност и одбрана, преку учество во мировни мисии и операции да ја одржувате борбената кондиција на меѓународните воени вежби со нашите сојузници и стратешки партнери, но, ве молам, никогаш не заборавајте од каде доаѓате. Никогаш не заборавајте ја вашата заклетва, дека сте тука пред сѐ и над сѐ за македонските граѓани и за одбраната на македонската република, порача Силјановска Давкова.

На промоцијата на офицерите се обрати и министерот за одбрана, Владо Мисајловски, кој упати благодарност за одлуката да им служат на државата и граѓаните. Тој рече дека годинава, во Воената академија, со прв офицерски чин се стекнуваат и питомци од Црна Гора и од Босна и Херцеговина, со што се покажала посветеноста на  регионалната стабилност и безбедност.

-Вашата денешна промоција е признание за вашиот труд, но и доказ за довербата која ви ја даваме. Вие сте дел од македонската армија, дел од институцијата со најголема доверба во татковината и дел од систем чија клучна алка сте токму вие. Додека ги прифаќате вашите нови задачи и цели во службата, запомнете дека лидерството не е само авторитет, лидерството е и инспирација, давање пример и негување на работна средина во која секој ќе може да напредува, истакна министерот за одбрана.

Пред присутните, Мисајловски истакна дека промоцијата е признание за нивниот труд, но и доказ за довербата што им е дадена да станат дел од, како што рече, институцијата со најголема доверба кај граѓаните. Тој упати благодарност за одлуката да ѝ служат на државата и граѓаните, како и до нивните семејства за поддршката и разбирањето за нивната определба.

– Оваа година на нашата Воена академија со прв офицерски чин се стекнуваат и питомци од Црна Гора и Босна и Херцеговина. Тоа ја покажува нашата сериозна посветеност во регионалната стабилност и безбедност. Создадовме човечки капацитети, офицери, кои изминативе 4 години заедно живееја, се едуцираа и обучуваа како да ги совладаат задачите кои им престојат. Верувам дека и понатаму во животот ќе останете добри пријатели и дека активно ќе соработувате и заеднички ќе придонесувате во зајакнување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот и во Алијансата, рече Мисајловски.

Во потпоручници беа промовирани 38-мина питомци, од кои 24 за потребите на македонската Армија, односно 12 жени и 12-мина мажи, осуммина од Црна Гора и шестмина од Босна и Херцеговина. Потпоручник Милица Перишиќ од Црна Гора доби плакета за најдобра во класата.