Сите под маски – пуканки, принцези, спајдермени, пчелички…

749
Весели дечиња се забавуваа под маски во ОУ „11 Октомври“- Пролет

Низ училишните ходници оживеаја многу познати ликови од цртаните филмови, детските приказни, сериите, како и херои од стриповите. Продефилираа  пуканки, принцези, Спајдермени, полицајци, пеперутки, пчелички… и беа прогласувани најдобрите меѓу нив. Освен маската, неминовна за овој ден беше и шегата, а многумина останаа излажани. Но, никој не се налути, бидејќи тоа беше само шега 

Во пресрет на Светскиот ден на шегата, 1 Април, денеска училиштата и градинките беа исполнети со многу смеа, џагор. Веселите детски лица се криеја под маските произлезени од нивната бујна фантазија, а потпомогнати од вештите раце на нивните родители. Некои, пак, ја искористија опцијата да купат готови маски, кои можеа да се најдат во продавниците.

Низ училишните ходници оживеаја многу познати ликови од цртаните филмови, детските приказни, сериите, како и херои од стриповите. Продефилираа многу принцези, Спајдермени, полицајци, пеперутки, пчелички… и беа прогласувани најдобрите меѓу нив. 

Освен маската, неминовна за овој ден беше и шегата, а многумина останаа излажани иако беа подготвени токму за овој ден. Но, никој не се налути, бидејќи тоа беше само шега.

Маските и утре ќе бидат актуелни. Општинските власти повикуваат на невидена забава и смеа, а ширум отворени ќе бидат вратите и на скопската Зоолошка градина.

И не само дечињата туку повикани се и сопствениците да ги маскираат своите домашни миленици и со креативните парчиња да се појават со нив на школката во Градскиот парк. Настанот ќе се случи на втори април, точно напладне, кога ќе бидат избрани: најдобра маска, најдобра маска на сопственик и куче и најсмешна маска, сето тоа проследено со забава приредена од диџеј Торта и од диџеј Тина.

Инаку, Денот на шегата се прославува на 1 Април, како кај нас така и во многу земји во светот. Овој ден се одбележува со шеги и трикови меѓу луѓето и претставува ден на смеата и забавата, со неизбежното „априли-ли-ли“ по секоја кажана „загатка“.

(А.П.) – Фото: Ѕвонко Плавевски