Актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ и лондонскиот премиерлигаш Челзи, со посебно внимание ја следат ситуацијата околу првиот голман на италијанскиот калчо гигант Милан, Џанлуиџи Донарума.
Репрезентативецот на Италија веќе со недели преговара околу новиот договор но двете страни никако не можат да постигнат договор околу годишната плата.
Фудбалските медиуми се убедени дека Донарума ќе побара да биде продаден за време на летниот преоден рок доколку Милан не состави тим кој ќе може да ја освои титулата во Серија А.