Алиса Шмид, која важи за најсекси спортистка на светот, повторно ги разбуди страстите на социјалните мрежи. Германската атлетичарка, која има сребрен медал во штафетата 4х400 метри на Европското првенство во атлетика до 20 години во 2017 година, уште еднаш ги воодушеви своите 1.6 милиони следбеници на Инстаграм со неколку жешки пози.

Дваесет и двегодишната русокоса постави фотографија на која е во бел спортски градник и кратки сиви шорцеви. Фотографијата брзо собра илјадници лајкови и позитивни коментари. Шмид објавува провокативни кадри од тренинзите секој ден или едноставно да ги покажува своите совршени облини.