Сите зборуваат за џинот на Севилја

147

Ибрахим Соу е 12-годишно дете кое е вистински хит во Шпанија поради фотографијата која е направена пред неколку дена. Ако се погледне фотографијата, лесно ќе се дојде до заклучок дека Соу делува многу постаро во споредба со своите врсници.

Нема дилема дека Соу е физички далеку понадарен во споредба со своите сонародници. Веќе сега е висок 170 см, а кога е во прашање изминатата сезона, капитенот на Севилја постигна 29 погодоци.

Дека не станува збор само за физички надарен фудбалер, говори и ситуацијата од пред неколку недели кога Соу со неколку фантастични потези ја помина целата одбрана на градскиот ривал Бетис и во манир на расен голгетер постигна прекрасен погодок.

Тимските колеги нагалено го викаат Ибра, а последниот погодок го постигна во стилот на светски познатиот фудбалер, Златан Ибрахимовиќ.

Соу изминатото лето беше ангажиран од редовите на Малага, а раководните лица се убедени дека за неколку години младиот напаѓач ќе биде дел и од првиот тим на Севилја. И во неговата татковина, Сенегал, се убедени дека Соу ќе има блескава кариера и ќе биде лидер на националниот тим.