Вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на мастерсот во Синсинати, онака како што не сакаше. Тој го доби првиот сет од првиот натпревар на турнирот против Алехандро Давидович Фокина со 6:4, а потоа Шпанецот мораше да му го предаде мечот поради проблеми со долниот дел на грбот.

Српскиот тенисер уште пред почетокот на тој дуел го дозна својот ривал во следната рунда, а тоа ќе биде искусниот Французин Гаел Монфис.

-Добро е да се види Монфис на теренот, тој е одлично момче, навистина го почитувам и го сакам како личност. Тој им носи многу уживање и забава на навивачите. Многу харизматичен играч, можеби најхаризматичен на турнејата. И тој се врати на теренот по повредите. Можеби ќе игра и најдоброто досега! Сите зборуваат за моите години, но што е со него? Знаете, тој е неверојатен и утре ќе имаме судир на ветерани“, изјави Новак Ѓоковиќ по натпреварот.

Холгер Руне, кој е петти на АТП рангирањето и имаше амбиции во Синсинати загуби во првиот натпревар од  домашниот тенисер Мекензи МекДоналд со 6-4, во првиот сета ,а потоа губеше 2:0 во вториот и реши да се повлече поради повреда.

Падна и уште два фаворитски скалпа. Макс Пурсел во три сета за два часа игра го совлада Каспер Руд со 2:1. Австралиецот иако беше аутсајдер, уште од стартот покажа дека сака да се надигрува, го доби првиот сет со 6:4, а иако Руд се врати со 6:3, Пурсел со идентични 6:4 дојде до триумф. Сензација приреди и Душан Лајовиќ, совладувајќи го Јаник Синер со 2:0. Иако играа два часа, српскиот тенисер со 6:4 и во тај-брејк со 7:4 дојде до голема победа над момчето кое пред само четири дена го освои првиот Мастерс.

Стефанос Циципас малку потешко од очекуваното го совлада Бен Шелтон со 7:6, 7:6, Хуркач со пресврт го исфрли Чориќ (2:1), а Фриц без загубен сет го доби Сонего (2:0)