Сите ракометари на македонскиот шампион Вардар веќе земале исписници и почнале да си бараат нови клубови, изјави еден од најдобрите играчи во тимот, левото крило Тимур Дибиров.
Тој за официјалната интернет страница на Ракометната Федерација на Русија, изјави дека спортскиот директор на Вардар им соопштил дека по завршувањето на сезоната тимот повеќе нема да постои. На констатацијата од медиумите дека има заинтересирани луѓе за сапсување на европскиот шампион од 2017 година, истакана дека тие приказни ги третира како гласини.
-Добивме исписници и сега сме слободни играчи. Единствена официјална информација е онаа од директорот кој најави затворање на клубот и затоа сега сите играчи бараат нови клубови каде ќе ја продолжат својата кариера, изјави Дибиров.
Интернет поратлот „Екипа“ неодамна објави дека поранешниот сопственик Михајло Михајовски го замолил раководството да не им дава исписница на ракометарите до 10 мај и да не им ги дава документите на ракометарите, бидејќи до тогаш планира да „состави моќна финансиска конструкција“ и да го спаси тимот.
Поранешниот претседател на Вардар се надеваше и дека ќе биде задржан костурот на тимот на македонскиот шампион, кој би бил засилен со неколку македонски репрезентативци.
Во меѓувреме се засилуваат напорите за составување на моќните спнзорски тимови од македонски компании, кои би го презеле раководството на клубот. Сопственикот и директорот на Вардар, рускиот милионер Сергеј Самсоненко неодамна најави дека на крајот од сезоната ќе престане да го финансира тимот на побеќекратниот македонски шампион кој пред две години ја освои Лигата на шампионите.
Ракометарите на Вардар иако се пласираа на завршниот турнир во елитното натпреварување, девет месеци не земале плата. Ова говори дека навистина се ближи распадот на „црвено – црното“ семејство кое почна уште минатата година со згфаснување на женскиот тим.