Црвениот крст информира дека се отворени сметки и телефонски броеви на кои сите заинтересирани правни субјекти и граѓани може да донираат парична помош за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија.
Сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ е 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, а донација од 100 денари може да се даде со повик на телефонските броеви 143 400 на „Македонски телеком“ и „А1“.
– За донации на средства во странска валута: NAME OF THE ORGANIZATION: RED
CROSS OF THE REPUBLIC OF NORTH MACEDONIAN
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Црвениот крст на Македонија изразува длабоко жалење и искрено сочувство до народот во Турција и во Сирија за жртвите од стравотниот земјотрес.
Оттаму информираат дека се во комуникација со Црвената полумесечина на Турција и со арапската Црвена полумесечина на Сирија, на кои веднаш им била понудена првична помош.