Челниците на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон открија дека од ден на ден сè поголем и поголем е бројот на клубови кои се сериозно заинтересирани за услугите на крилниот напаѓач, Адама Траоре.
Близок извор до клубот откри дека големите ривали од шпанската Примера дивизион, Барселона и Реал (М) се последните два клуба кои покажале интерес за услугите на Траоре, но Вулверхемптон не размислува за никаква продажба на стандардниот првотимец. И менаџерот на Ливерпул, Јурген Клоп призна дека е импресиониран од формата на Траоре.