Сите вакцини се од оригиналниот производител Глаксо Смит Клајн

65

Сите вакцини на кои имаше декларации со истечен рок се од нивниот оригинален производител – фирмата Глаксо Смит Клајн.

Тоа го потврдија самите претставници на оваа компанија на средбата во Министерството за здравство без да кажат дали има повеќе од досега утврдените 635 кутии вакцини со декларации на кои стои дека се со истече рок на употреба.

Инаку, на Клиниката за инфективни болести денеска се хоспитализирани шест нови случаи на мали сипаници. Четири од нив се деца на возраст од 9 месеци до 2 и пол години кои ја посетувале градинката „Сонце“ во Лисиче во Аеродром. Петиот случај е дете од Радишани, а шестиот е жена на 24 годишна возраст. Во моментот 20 лица се хоспитализирани. До денеска 1894 лица биле примиле вакцинирани против морбили.