Савана Џордан (27) имала само 18 години кога ја основала својата прва компанија со нејзиниот татко наречена „See Jane Go“, која потоа ја опишала како Uber за жени. Сервисот за возење вработуваше само женски возачи кои возеа само женски клиенти, се со намера да го направат искуството во возењето побезбедно. Откако на крајот ја продаде својата компанија, Савана почна да продава медицински производи. Таа се сврте кон маркетинг индустријата, но наскоро мораше да работи со скратено работно време поради пандемијата.
Кога се развела на 22 години, едвај можела да си ја дозволи киријата. „Тогаш јадев еднаш дневно за да можам буквално да го хранам своето куче“, објаснува Савана, која успеала да се исели од мало студио за само три години, сето тоа благодарение на следниот деловен потфат, пишува The Sun.
Имено, Савана го искористила своето претходно деловно и продажно искуство и основала своја независна маркетинг агенција. Искуството од минатите успеси во различни индустрии и помогна да ги води другите компании на вистинскиот пат. И така се роди креативната агенција WLF.
Од своето основање во 2020 година, компанијата генерира повеќекратни седумцифрени приходи и прерасна во тим од десет жени. Савана верува дека искуството што го стекнала и помогнало на нејзиниот бизнис да успее.
Таа, исто така, ги советуваше сите претприемачи да дадат приоритет на стратегијата, енергијата, конзистентноста и производството кога штотуку почнуваат: „Она што го направивме е доста големо, но исто така не беше случајно. Сè што направивме за да го развиеме нашиот бизнис беше планирано, вклучувајќи ги и стратегиите што се користени во таа прилика, нашиот бизнис го третиравме како алатка за маркетинг и продажба“, рече Савана.
Таа исто така разви свој бренд преку ангажман на социјалните мрежи и ја користи платформата за споделување маркетинг совети.