Италијанецот Јаник Синер очекувано најмногу заработи од учеството на турнирите во 2024 година, далеку повеќе од второто и третото место на оваа листа.
Светскиот рекет број еден зад себе ја има најуспешната година во кариерата, а добро ги плати успесите кои ги постигна на најголемите турнири – само за победи и титули заработи дури 18.930.222 евра.
Италијанскиот тенисер сепак не ја надмина рекордната сума што некој тенисер ја заработи за само една година, тоа е финансиската состојба на Новак Ѓоковиќ од 2015 година од 20.756.488 евра.
На второто место на листата на играчи кои заработиле најмногу од турнири годинава е Александар Зверев со 1.032.202 евра, додека на третото место е четирикратен грен слем шампион Карлос Алкараз со заработка од 9.935.666 евра.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ е осми на оваа листа со заработка од 4.241.441 евра.
Вреди да се каже дека Синер собра добар дел од овогодинешната заработка, речиси една третина, со триумфот на егзибицискиот турнир „Six Kings Slam“ што се одржа во Ријад, на кој му беше испишан чек од шест милиони долари.
Топ 10 играчи кои заработиле најмногу пари од турнирот во 2024 година: Јаник Синер – 18.930.222 евра, Александар Зверев – 11.032.202, Карлос Алкараз – 9.935.666, Тејлор Фриц – 7.913.350, Данил Медведев – 6.253.570, Каспер Руд – 5.510.061, Андреј Рубљов – 5.361.707, Новак Ѓоковиќ – 4.241.441, Алекс де Манор – 4.174.645, Стефанос Циципас – 4.118.211.