epa11657020 Jannik Sinner (R) of Italy poses with his trophy after winning his Men's Singles Final match against Novak Djokovic (L) of Serbia at the Shanghai Masters tennis tournament in Shanghai, China, 13 October 2024. EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер го совлада Новак Ѓоковиќ во финалето на турнирот во Шангај со 7:6, 6:3. Италијанецот со оваа победа стана првиот тенисер од 2013 година со три последователни победи над Новак Ѓоковиќ.

Претходно во сезонат го победи во полуфиналето на Австралија опен, а кон крајот на минатата година го совлада Ѓоковиќ и во полуфиналниот меч од Дејвис купот. Помина повеќе од една деценија откако такво нешто му се нема случено на најдобриот тенисер на сите времиња.

Последен кој имаше хет-трик во победи над него беше Шпанецот Рафаел Надал во 2013 година. Шпанецот, кој неодамна објави дека во ноември и официјално ќе ја заврши тениската кариера, тоа го направи на Ролан Гарос, потоа во Монтреал и на крајот на САД Опен.  Рафа исто така го победи Новак три или повеќе пати во 2008-09 година (пет меча по ред), и три пати во 2007, 2008, 2012 година.

Швајцарецот Роже Федерер успеа да го победи  четири пати во 2006 и 2007 година и три пати во 2010 година. И Енди Родик може да се пофали дека има четири победи во низа, тоа го направи во 2009 и 2010 година, додека Жо-Вилфред Цонга го направи истото во 2008 и 2009 година. Конечно, листата ја заклучува Енди Мареј, кој три пати по ред го победи Ѓоковиќ во 2008 и 2009 година.