Синдикалците избоксуваа поголема јунска плата за 2.800 денари

340

Најавениот протест на Независниот синдикат во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за утре и наредните денови, нема да се одржи.

Преговорите помеѓу трите синдикати и менаџерскиот тим на ЈСП околу линеарното зголемување на платата за 2.806 денари, или нови 177 бодови за сите вработени, измена на Колективниот договор, успешно се завршени. Со јунската плата во јули  ќе започне исплатата.

Во соопштението од менаџерскиот тим на ЈСП до вработените, се вели дека веќе од наредната плата, секој вработен независно од работната позиција и статусот на вработувањето ќе добие покачување од 2.800 денари. Покачувањето е регулирано и со Одлука на Управниот одбор на ЈСП, донесена на 19.04. 2022 година. Со оваа одлука нема да бидат опфатени вработените кои добиле покачување со Законот за минимална плата.

Од ЈСП во соопштението укажуваат дека и покрај финансиската состојба во која се наоѓа претпријатието, со сите расположиви ресурси и напори, а со безбрезервна поддршка од Град Скопје настојуваат да ги подобрат условите за работа на секој вработен поединец, со што ќе се придонесе за понатамошен раст и развој, како и унапредување на целокупните процеси во ЈСП, во интерес на вработените, а како сервис на граѓаните, корисници на јавниот превоз.

(А.П.)