Дома СВЕТ Сингапурските власти повикаа на смиреност во врска со коронавирусот

Сингапурските власти повикаа на смиреност во врска со коронавирусот

44

На социјалните мрежи беа објавени фотографии од граѓани на Сингапур кои купуваат огромни количини тоалетна хартија, конзервирана храна, инстант тестенини и друга храна.

Премиерот на Сингапур, Ли Хсиен Лунг изјави дека не е потребна паника и оти нема да има недостиг на храна.

Ние нема да го заклучиме градот и да им кажеме на сите да не ги напуштат своите домови, рече Ли.

Сингапур, од претпазливост, го зголеми нивото на здравствена тревога, како и во 2009 година, за време на епидемијата на грипот Х1Н1.

Ли рече дека Сингапур е многу подобро подготвен по епидемијата на САРС во 2003 година, кога 33 луѓе починаа во градот од оваа болест.

Тој ги замоли граѓаните на Сингапур да имаат храброст, предупредувајќи дека „стравот може да направи поголема штета отколку вирусот”.

Сегашната епидемија е вистински тест за нашата социјална кохезија и психолошка отпорност, потенцираше Ли.