Македонскиот музичар со интернационална кариера со својот музички проект „Македонисимо“ Симон Трпчевски имаше азиска турнеја, но таму тој мораше да биде строго претпазлив на корона вирусот. Затоа Симон со своите музичари секаде каде што излегуваше беше заштитен со квалитетни медицински маски. Симон порача дека не е исплашен, но дека секој би требало да се штити, здравјето ни е најважното нешто. Инаку, во проектот „Македонисимо“, кој дава нова димензија на македонската музика преку обработките на композиторот Панде Шахов, учествуваат и: Александар Краповски (виолина), Хидан Мамудов (кларинет, саксофон и кавал), Влатко Нушев (удиралки), а овојпат, место Александар Сомов од Бугарија, на виолончело е Паскал Краповски…..