Во најпрестижната сала за класична музика „Бугарија“ во Софија, денеска одржаа концерт четворица македонски заедно со бугарски изведувачи, кои се дел од Софиската филхармонија. Дел од групата која го одржа концертот, е светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески.
Познатиот бугарски диригент Најден Тодоров беше диригент на концертот
Трпчески во салата „Бугарија“, освен со Софиската филхармонија, свиреше и со својот сонародник виолинистот Александар Капоски од Операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур. Тие го изведоја тројниот концерт на Јохан Себастијан Бах.
– За време на концертот беше изведен музичкиот проект „Македонисимо“ со македонска народна музика, изјави Трпчески.
Според него, културата е оној вечен мост, кој може да ги обединува луѓето и да им биде потпора во тешките моменти, која ќе им дава сила да продолжат напред.