Ќе откријам на пример, зошто за настапот на Есма и Лозано на „Песна на Евровизија“ не замина одбраната песна „Империја“, чии автори бевме јас и Борче Нечовски, туку беше во последен момент заменета со една друга песна со која Есма, за жал, не влезе во евровизиското финале, а тоа и мене и Есма многу нè погоди, разочарано вели Симеон за весникот ВЕЧЕР

Симеон Атанасов, посинокот на кралицата на ромската песна Есма Реџепова, издава книга која е посветена на неговиот живот со, како што самиот вели, мама Есма и тато Стево. Оваа книга уште од сега предизвикува голем интерес, а во пишувањето му помаг(н)а писателот Александар Кујунџиски. За оваа книга својот интерес покажаа и издавачите од Србија, Босна и Хрватска.

-Има во книгата некои работи кои досега никаде не сум ги кажувал, па секако затоа кај оние пред сè, засегнатите предизвикува големо љубопитство. Ќе откријам на пример, зошто Есма и Лозано на „Песна на Евровизија“ не замина со одбраната песна „Империја“, чии автори бевме јас и Борче Нечовски, туку беше во последен момент заменета со една друга песна („Пред да се раздени“) со која Есма, за жал, не влезе во евровизиското финале. Особено се поболни оние настани кои се врзуваат за недавањето дозвола за градење куќа на Есма и Стево на Водно, кога тие се вратиле од Белград, па затоа морале да градат на Скопското кале.

Водњанците тие старите Скопјани, според кажувањата на граѓаните „не сакале од Водно да им се слушаат ромските звуци“! Не сакале да си ја слушаат својата музичка кралица која секогаш од срце ширум светот зборуваше дека е од Скопје од Македонија, која на Индира Ганди ѝ беше најомилена пејачка, ама на нашите им пречеше да ја имаат Есма жена хуманитарец, за својата сосетка.

Навистина го отворив срцето, па во книгата зборувам и за други случувања низ разни концерти, турнеи на кои покрај убави работи имавме и разочарувања, вели Симеон кој со Есма и Стево настапил на повеќе од 3.000 концерти, на сите континенти пред голем број државници, претседатели, кралеви, монарси, принцови….сè уште добро го паметам и доделувањето на Хуманитарната награда на Есма од рацете на Династијата Караѓорѓевиќ во Белград на „Бели Двор“.

Симеон и понатаму се занимава со музиката, има формирано и свое семејство, живее во убава стан во Скопје во Центар, неговите деца ги носат имињата на Есма и Стево. Има и свој „Есма бенд“, во кој солистка е Елеонора Мустафовска, чие уметничко име е Малиша, за која Есма зборуваше дека ѝ е единствената ќерка покрај сите други машки деца.

Дуле Миќиќ / фото:ФБ