Силјановска почна да собира потписи за кандидатурата – за потврда од потпишувачите бара „селфи“

66

Професорката Гордана Силјановска – Давкова, кандидатот за претседател на државата од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил најави дека за нејзината кандидатура ќе собира најмалку 10 илјади потписи, со цел нејзината кандидатура да се сфати како надпартиска.

Таа ги повика сите кои ја поддржуваат да дојдат во канцелариите на ДИК, а како потврда за нивниот придонес да си направат селфи и на тој начин да ги поттикнат и мобилизираат останатите.

„Утрово Ве повикувам сите да се упатите до подрачните единици на Државната изборна комисија и да се потпишете на мојата кандидатура. Со цел да го почнеме процесот на обединување за право и правда за Македонија! Штом се потпишете ве замолувам да направите самослик (selfie) и да го постирате со хаштаг #сепотпишавзаправоиправда“, напиша Силјановска- Давкова на Фејсбук.

Заедно со вас од утре започнуваме важна етапа во битката да ја вратиме Македонија во нормала.Ви благодарам за подршката

Posted by Gordana Siljanovska Davkova on Friday, February 22, 2019